Опис на работно место

Агенцијата McCann Скопје е дел од голем комуникациски систем, еден од водечките комуникациски системи кој вработува над 450 талентирани професионалци и работи во осум земји од Југоисточна Европа.

Бараме нов член на тимот кој е љубопитен, весел, ги почитува различностите, негува личен и професионален интегритет и ги почитува другите.

Ве покануваме да се придружите на тимот и заеднички да одиме кон остварувањето на нашата визија:

„Ние создаваме комуникација за подобар свет“,

А на  позиција,

Copywriter

           

Опис на работно место:

• Пишување сценарија, концепти, пораки и текстови;

• Креирање и презентирање идеи на клиентите преку релевантна иновативна и креативна презентација, која на убедлив и интересен начин го поврзува производот или брендот со потрошувачот;

• Превод/поврзување на брендот со потрошувачот на едноставен и ефективен начин;

• Одговорност за исправноста на граматичките, правописните и јазичните правила;

• Континуирано следење на новите трендови и совладување на новите алатки во креативната индустрија.

 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат следниве услови се добредојдени да аплицираат:

• Минимум 2 години искуство во креативно пишување;

• Интерес и страст за рекламирање;

• Познавање на брендови и кампањи;

• Одлично познавање на македонска и англиска граматика и правопис;

• Комуникациски вештини (писмена и усна комуникација);

• Презентациски вештини.

 

Што ве очекува во нашиот тим?

• Работа во динамична индустрија со големи клиенти.

• Можност за континуиран професионален развој и учество во широк спектат на проекти.

 

Сакаме нашите вработени да се чувствуваат безбедно и задоволно на работното место, па затоа им обезбедуваме:

• Приватно здравствено осигурување;

• Покрај годишниот одмор, нашите вработени речиси секоја година имаат слободни денови помеѓу Нова Година и Божиќ;

• Флексибилно работно време и можност за работа од дома;

Компаниски тим билдинг;

Континуирана можност за едукација.

 

Забелешка: Сите апликации ќе бидат разгледани во целосна доверливост, а само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ!