Опис на работно место
Агенцијата McCann Скопје е дел од I&F Групата, еден од водечките комуникациски системи, кој вработува повеќе од 600 талентирани професионалци и работи во дванаесет држави од Јужна и Северна Европа.
Бараме нов/а член/ка на тимот, кој/а е љубопитен/а, весел/а, почитува различности, го одржува личниот и професионалниот интегритет и ги почитува другите.
Те повикуваме да се придружиш кон тимот на заедничкиот пат кон реализација на нашата визија:
„Ние создаваме комуникација за подобар свет“,
На позицијата: Графички дизајнер / Graphic Designer
Локација: Скопје
Опис на работата:
• Генерирање иновативни и релевантни дизајнерски концепти и решенија
• Дизајн на огласни решенија и кампањи, дизајн на логотипи и брендирање, изработка на продажни елементи на кампањата (POS-материјал)
• Активно учество во изработката на сите креативни комуникациски решенија (офлајн и онлајн)
• Обработка на фотографии
• Подготовка за печатење
• Секојдневна комуникација и координација со клиентите
Би сакале кандидатот/ката кој/а ќе се приклучи на нашиот тим, да ги има следните квалификации:
• Факултетско образование е посакувано
• Минимум две години работно искуство на исти или на слични работи (предност е искуство на работа во агенција)
• Одлично познавање на програмите: Photoshop, Illustrator
• Развиено чувство за типографија, дизајн на логотипи, брендирање, илустрација, фотографија
• Познавање на подготовка за печатење и техники на печатење
• Активно познавање на светските трендови во областа на дизајнот и адвертајзингот
• Одлично познавање на англискиот јазик
• Спремност за тимска и за самостојна работа
Што те чека кај нас во тимот?
• Работа во динамична индустрија со големи клиенти
• Можност за континуиран професионален развој и учество во стратегиски проекти
Сакаме нашите вработени да се чувствуваат сигурно и задоволно на работното место, па им обезбедивме:
• Приватно здравствено осигурување
• Освен годишен одмор, нашите вработени речиси секоја година имаат слободни денови помеѓу Нова година и Божиќ
• Флексибилно работно време и можност за работа од дома
• Скратено работно време секој петок до 15 часот
• Освен тоа, нудиме уште многу бенефиции: новогодишни пакетчиња за деца (ваучери), месечни карти за театар, влезници за други сезонски настани…
Забелешка: Сите пријави ќе бидат разгледани во целосна поверливост, а ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе влезат во потесен избор.
ТИ БЛАГОДАРИМЕ!